Американскиот Сенат усвои предлог-закон за конфискација на руски имот

илустрација

Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат усвои нацрт-закон со кој се отвора можност за конфискација на руски имоти во САД и предавање на тие пари на Украина за финансирање на реконструкцијата од уништувањето на војната.

На гласањето на сенатската комисија, 20 членови гласаа „за“ и еден против, а доколку тој предлог-закон биде усвоен и од Претставничкиот дом и од Сенатот, а биде потпишан од американскиот претседател, ќе се отвори патот за конфискација на руски имот во САД.

Видете и ова: ЕУ го санкционираше најголемиот руски производител на дијаманти

Сенаторот Бен Кардин, претседател на комисијата за надворешни работи од редовите на Демократската партија, изрази оптимизам дека овој предлог ќе стане закон и додаде дека и демократите и републиканците „нашироко го поддржуваат“.

По избувнувањето на конфликтот и руската инвазија на Украина во 2022 година, ЕУ, САД, Јапонија и Канада замрзнаа околу 300 милијарди долари средства во сопственост на руската централна банка, но само околу пет до шест милијарди долари од тоа се во САД, додека најголемиот дел од парите во Европа, во Еуроклиар (Euroclear), централен депозитар за хартии од вредност лоциран во Белгија.