Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат на 24 јануари го одобри законот што ќе помогне да се постави теренот за Соединетите Американски Држави да ги конфискуваат руските средства и да ги предадат на Украина за обнова.
Комитетот гласаше со 20 против 1 во корист на Законот за обнова на економскиот просперитет и можностиза Украинците. Доколку биде усвоен во полн состав на Сенатот и Претставничкиот дом и биде потпишан во закон од претседателот Џо Бајден, актот ќе го отвори патот за првото одземање на средствата на централната банка од страна на Вашингтон од земја со која не е во војна.
Сенаторот Бен Кардин, претседател на Комисијата за надворешни односи, е оптимист дека може да се донесе предлог законот, истакнувајќи дека тој има широка поддршка, и од демократите и од републиканците во Сенатот и Претставничкиот дом, како и од администрацијата на Бајден.
Видете и ова: Пентагон нема повеќе пари за Украина, помош бара од сојузниците на САДКомитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом усвои сличен нацрт-закон, исто така со огромна двопартиска поддршка.
ЕУ, САД, Јапонија и Канада замрзнаа околу 300 милијарди долари од средствата на руската централна банка во 2022 година кога Русија ја нападна Украина. Само околу 5 до 6 милијарди долари се во Соединетите Американски Држави, при што повеќето се чуваат во Европа, а најмногу во белгискиот централен депозитар за хартии од вредност Еуроклиар.