Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата година има „вознемирувачки“ пораст на случаите на сипаници во Европа, каде имало триесет пати повеќе случаи од претходната година, јави Би-Би-Си.
Здравствените власти предупредуваат дека случаите се во пораст и дека се потребни „итни мерки“ за да се спречи ширењето. Повеќе од 30 илјади луѓе биле заразени во 2023 година, во споредба со 941 во цела 2022 година.
Видете и ова: Со намалена вакцинација се зголемува ризикот од епидемија на мали сипаници„Видовме, во регионот, не само 30-кратно зголемување на случаите на сипаници, туку и речиси 21 илјади хоспитализирани и пет смртни случаи поврзани со сипаници. Ова е загрижувачко Вакцинирањето е единствениот начин да се заштитат децата од оваа потенцијално опасна болест“, изјави Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.
СЗО смета дека причината за ова е бидејќи помалку деца биле вакцинирани против болеста за време на пандемијата Ковид-19.