Вкупно 24 израелски војници загинаа во Појасот Газа

Фотографија објавена од израелската војска во Појасот Газа.

Дваесет и четири израелски војници загинаа во најтешкиот ден на израелски загуби во Газа, соопшти израелската војска на 23 јануари, додека нејзините сили го опколија главниот град на југот на Газа, заробувајќи ги палестинските жители кои се обидуваа да побегнат.

Израел соопшти дека целите на неговата војна против движењето Хамас што ја води Газа се непроменети и дека се прават напори за ослободување на повеќе од 100 израелски заложници.

Воениот портпарол адмирал Даниел Хагари изјави дека над 21 војник загинале кога две згради што ги подготвувале за минирање експлодирале откако милитантите пукале во тенк во близина. Тројца војници биле убиени во одделен напад.

„Доживеавме еден од нашите најтешки денови откако избувна војната“, рече премиерот Бенјамин Нетанјаху.

„Во името на нашите херои, за доброто на нашите животи, нема да престанеме да се бориме до апсолутна победа“, додаде тој.

Видете и ова: Нетанјаху најави борба до целосна победа по смртта на израелските војници

Запрашан за медиумските извештаи дека се разговара за договор за прекин на огнот, откако Катар рече дека напорите за посредување се во тек, портпаролот на израелската влада Ејлон Леви рече дека целите на војната се непроменети.

„Нема да има прекин на огнот што ќе ги остави на власт заложниците во Газа и Хамас“, изјави тој, јавува новинската агенција Ројтерс.

Леви одби да ги елаборира напорите за ослободување на заложниците, кои беа однесени во Газа по нападот 7 октомври во кое Хамас и други милитанти убија околу 1.200 Израелци.