За прв пат откако министерот за одбрана Лојд Остин ја основаше Меѓународната група за поддршка на Украина во април 2022 година, Соединетите Држави ќе бидат домаќини на месечниот собир на педесеттината земји, кои повеќе немаат пари за да испратат муниција и проектили кои и се потребни на Украина за да се одбрани од Русија.
Додека се чека Конгресот да донесе буџет и потенцијално да одобри повеќе пари за борбата на Украина, САД ќе бараат сојузниците да продолжат да го надминуваат проблемот.
Состанокот во вторник ќе се фокусира на долгорочните потреби, изјави за новинарите заменик-портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг.
„Иако не сме во можност да ја обезбедиме нашата безбедносна помош во моментов, нашите партнери продолжуваат да го прават тоа“, рече Синг.
Во вторникот во Брисел, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг објави нов заеднички договор вреден 1,2 милијарди долари за купување на повеќе од 222 000 парчиња муниција од 155 мм.
Додека конфликтот меѓу Израел и Хамас доминира на насловните страници од октомври, руските напади врз Украина продолжуваат.
Видете и ова: САД ја испратија последната транша помош за Украина достапна без гласање во КонгресотРусија во вторникот лансираше повеќе од 40 балистички, крстаречки, противвоздушни и наведувани ракети во двата најголеми градови во Украина, оштетувајќи станбени згради и убивајќи најмалку пет лица. Нападот дојде еден ден откако Москва го одбегна секој договор поддржан од Киев и неговите западни сојузници за ставање крај на речиси двегодишната војна.
Украинската воздушна одбрана успеа да пресретне најмалку 21 од проектилите, но во нападите беа повредени најмалку 20 лица во четири области на Киев.
„Дополнителните системи за противвоздушна одбрана и муниција за нив остануваат главна потреба на Украина“, рече Синг.
Пентагон ја објави својата последна безбедносна помош за Украина на 27 декември, пакет од 250 милиони долари, кој вклучува гранати од 155 милиметри, противвоздушни ракети „Стингер“ и други предмети со голема побарувачка, извлечени од постоечките американски залихи.
Видете и ова: НАТО и Украина ќе разговараат за противвоздушна одбрана по руските ракетни нападиОттогаш, Соединетите Држави не можат да обезбедат дополнителна муниција бидејќи парите за надополнување на тие залихи се исцрпени, а Конгресот допрва треба да одобри повеќе средства.
Повеќе од 110 милијарди долари помош и за Украина и за Израел е во застој поради несогласувањата меѓу Конгресот и Белата куќа околу другите политички приоритети, вклучително и дополнителната безбедност на границата меѓу САД и Мексико.
Состанокот ќе биде виртуелен бидејќи Остин сè уште се опоравува дома од компликациите од третманот за рак на простата.
САД и обезбедија на Украина повеќе од 44,2 милијарди долари безбедносна помош откако Русија изврши инвазија во февруари 2022 година. Околу 23,6 милијарди долари од тоа беа повлечени од постоечките воени залихи и речиси 19 милијарди долари беа испратени во форма на подолгорочни воени договори. Така, иако снема средства, ќе продолжи да доаѓа дел од претходно купените оружја. Дополнителни 1,7 милијарди долари се обезбедени од американскиот Стејт департмент во форма на странско воено финансирање.