Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изразувајќи жалење за смртта на 21 војник во најкрвавиот поединечен напад во Газа, најави дека армијата ќе се бори до „целосна победа“.
На платформата X, Нетанјаху објави дека денеска е „еден од најтешките денови од почетокот на војната“.
Тој, исто така, најави дека војската ќе започне истрага за нападот, во кој палестинските екстремисти истрелаа ракетна граната врз израелски тенк, предизвикувајќи секундарна експлозија и уривање на две згради врз војниците.
„Во името на нашите херои и за нашите сопствени животи, нема да престанеме да се бориме до целосна победа“, напиша Нетанјаху.
Видете и ова: Над 10 израелски војници загинаа во Газа изминативе деновиЧленот на воениот кабинет, поранешен министер за одбрана и началник на Генералштабот, Бени Ганц испратил сочувство до семејствата на загинатите и желби за брзо закрепнување на ранетите, пренесоа израелските медиуми.
Тој оцени дека Израелците мора да останат обединети и мора да се сеќаваат на, како што рече, „високата цена“ што биле принудени да ја платат за „праведната војна и високите цели за кои паднале израелските херои за да ја обезбедат иднината“, враќањето на заложниците и чување на Израел засекогаш.
Нетанјаху вети дека ќе го уништи Хамас и ќе ја демилитаризира Газа откако палестинското милитантно движење го нападна Израел на 7 октомври и се повеќе се спротивставува на притисокот на САД за план кој вклучува некаква форма на палестинска државност.
Според Израел, во нападот на Хамас врз Израел загинале околу 1140 луѓе, главно цивили.