Советот на град Скопје денеска гласаше за да им се исплатат субвенции на Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП Скопје, пари со кои треба да им биде исплатена декемвриската плата на вработените кои од утрово се во штрајк.
Автобусите на ЈСП сообраќаа само до 9 часот утрината на 22 јануари поради неисплатените плати за декември.
Видете и ова: Автобусите на ЈСП ќе возат до 9 часот, вонредната седница на Град Скопје во 11 часотСиндикатот при ЈСП најави дека доколку денеска не се донесе одлука за субвенционирање од страна на советот, автобусите нема да возат ниту утре, односно се додека не им се исплатат заостанатите плати.
Вонредната седница на Советот на Град Скопје беше втора која се одржа денеска, откако одлуката за субвенциите на ЈСП не ја донесоа на првата, а Синдикат на ЈСП потоа најави дека ако не се исплатат субвенциите градски превоз нема да има ниту во наредните денови.
Видете и ова: Автобусите на ЈСП нема да возат ако нема плата, Арсовска очекува одговорност од Советот на Град СкопјеНа денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје 25 советници гласаа „за“ исплата на субвенциите на ЈСП.
Директорот на ЈСП пак и советниците од редовите на СДСМ по завршувањето на првата седница укажуваа на тоа дека ЈСП работи со зголемени трошоци во однос на минатото, како и дека во сите извештаи има податоци за нивните расходи и дека овие пари треба итно да бидат одобрени.