Одбиено барањето за замена на притворот со куќен притвор за таткото на Вања Ѓорчевска

Книга на жалоста за убиената Вања Ѓорчевска.

Основниот кривичен суд во Скопје го одби барањето за замена на мерката притвор до куќен притвор на одбраната на Александар Ѓорчевски - татко на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Ѓорчевски е осомничен за „грабнување“ во кој беа убиени неговата ќерка Вања и на 74 годишниот велешанец Панче Жежовски кои беа пронајдени мртви на 3 декември во околината на Скопје и Велес.

Видете и ова: Продолжен притворот за осомничените за киднапирањето на Вања и Панче

„По добивање на мислење од надлежниот Јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива. Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет“, соопшти Основниот кривичен суд - Скопје.

За случајот има петмина осомничени кои се во притвор, додека првоосомничениот за убиствата Љупчо Палевски – Палчо е во притвор во Турција и се чека неговата екстрадиција.

Другите петмина осомничени, меѓу кои и Ѓорчевски, се во притвор во истражниот затвор во Шутка.

Видете и ова: Правда: 40 дена привремен затвор за Палевски во Турција


Основниот кривичен суд на почетокот од јануари, го продолжи притворот на петминта осомничени за киднапирање и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.

Тројца од нив се осомничени за двете убиства и киднапирања, а таткото на Ѓорчевска е осомничен за грабнување на ќерка си.

Еден е осомничен дека му помогнал во бегството на првоосомничениот Палевски.