Нетанјаху му повторил на Бајден дека отфрла палестински суверенитет во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во саботата изјави дека му рекол на американскиот претседател Џо Бајден дека го отфрла палестинскиот суверенитет во Појасот Газа.

Двајцата лидери разговараа по телефон во петокот за прв пат по речиси еден месец. Бајден по разговорот рече дека верува оти е можно Нетанјаху да се согласи со некоја форма на палестинска држава.

„Во разговор со претседателот Бајден, премиерот Нетанјаху ја повтори својата политика дека по уништувањето на Хамас, Израел мора да ја задржи безбедносната контрола над Газа за да се осигура дека Газа повеќе нема да претставува закана за Израел, услов што е во спротивност со барањето за палестинскиот суверенитет“, објави Нетанјаху во саботата.

Видете и ова: Испораките доцнат, цените растат заради нападите врз бродови во Црвеното море

Во четвртокот, Нетанјаху го отфрли палестинскиот суверенитет над окупираниот Западен Брег, велејќи дека тоа е некомпатибилно со потребата на Израел да има „безбедносна контрола над целата територија западно од реката Јордан.
Бајден по разговорите во петокот рече дека е можно Нетанјаху да се согласи на некаква форма на решение за две држави, што дипломатите со децении го сметаа за најдобар начин за воспоставување мир на Блискиот Исток.

„Постојат неколку видови решенија за две држави. Има голем број земји кои се членки на ОН кои немаат свои армии“, им рече Бајден на новинарите по настанот во Белата куќа.

Висок функционер на Хамас во саботата ја отфрли изјавата на Бајден за можноста Израел да се согласи за формирање на палестинска држава.

„Илузијата дека Бајден проповеда за државата Палестина и нејзините карактеристики не го залажува нашиот народ“, изјави во изјавата Изат ал Ришк, член на политичкото биро на палестинската исламистичка група.

„Бајден е целосен партнер во геноцидната војна и нашиот народ не очекува ништо добро од него“, додаде тој.

Видете и ова: УНИЦЕФ: Газа е најопасното место на светот за децата

Нетанјаху вети дека ќе го уништи Хамас и ќе ја демилитаризира Газа откако палестинското милитантно движење го нападна Израел на 7 октомври и се повеќе се спротивставува на притисокот на САД за план кој вклучува некаква форма на палестинска државност.

Според Израел, во нападот на Хамас врз Израел загинале околу 1.140 луѓе, главно цивили.