Израелскиот напад врз сирискиот главен град Дамаск уништи зграда што ја користеше паравоената иранска револуционерна гарда на 20 јануари, при што беа убиени и ранети 10 лица, соопштија државните медиуми и официјален претставник на групата поддржана од Иран.
Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека најмалку пет лица загинале во ракетен напад кога претставници од групите поддржани од Иран одржале состанок.
Во израелскиот напад на Дамаск загинаа шефот на разузнавачката служба на Иранската револуционерна гарда за Сирија и неговиот заменик, како и уште двајца членови на гардата, пренесоа иранските медиуми.
Видете и ова: Пакистан изврши одмазднички напади врз Иран, најмалку девет мртвиДржавната телевизија објави дека цел на Израел била станбена зграда во силно чуваната населба Мазе во западен Дамаск, каде се сместени неколку дипломатски претставништва, вклучително и амбасадите на Либан и Иран.
Локалните медиуми во Сирија јавија дека се слушнале експлозии низ главниот град.
Израел изведе стотици напади во последниве години врз цели во деловите на Сирија поддржани од владата, главно против силите поддржани од Иран, борците на либанскиот Хезболах и позициите на сириската армија.
Нападите претставуваат зголемување на нападите од почетокот на војната меѓу Израел и сојузникот на Хезболах, Хамас, на 7 октомври.
Израел обично не признава дека извршил напади врз Сирија. Во случаите каде што признава, таа вели дека целта се групи поддржани од Иран кои ја поддржуваат владата на претседателот Башар ал Асад.