Децата во Газа живеат во „ужасни услови“ и регионот е „најопасното место во светот за да се биде дете“, рече заменик - извршниот директор на Агенцијата за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), Тед Чајбан.
Тој рече дека ситуацијата е „од катастрофа до речиси колапс“ од неговата последна посета пред два месеци.
„Ако условите продолжат да се влошуваат, многу луѓе ќе ги загубат животите поради конфликти плус смртни случаи поради болести и глад“, рече тој.
Тој се сретнал со 13-годишно момче кое било на безбедно место кога „сè се урнало околу него“, а раката му била тешко повредена.
„Само неколку часа откако заминавме, многу семејства побегнаа од болницата Ал-Насер бидејќи борбите се приближуваа кон областа“, рече Чајбан.
Видете и ова: ЕП усвои резолуција со која се повикува на траен прекин на огнот во ГазаВојната „против децата“ мора да престане, додаде тој, цитирајќи ги бројките објавени од Министерството за здравство во Газа предводено од Хамас - палестинската група прогласена за терористичка организација од Соединетите држави и Европската унија.
Ова министерство објави дека речиси 25.000 луѓе биле убиени од почетокот на војната на 7 октомври, наведувајќи дека 70 отсто од жртвите биле жени и деца.
Војната меѓу Израел и Хамас започна на 7 октомври откако радикалната палестинска група го нападна јужниот дел на Израел, убивајќи 1.200 луѓе и киднапирајќи речиси 250 други.