Северна Кореја во петокот соопшти дека тестирала „подводен систем за нуклеарно оружје“ како одговор на заедничките поморски вежби на Вашингтон, Сеул и Токио, во кои е вклучен и американски носач на авиони на нуклеарен погон.
Вежбите „сериозно ја загрозија безбедноста“ на Северот, па како одговор, Пјонгјанг „изврши важен тест на својот подводен систем за нуклеарно оружје „Хаил-5-23“ кој се развива во Источното Корејско Море“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана го пренесе државната новинска агенција КЦНА, пренесува агенцијата Франс прес.
На почетокот на минатата година, Пјонгјанг објави дека извршил повеќе тестови на наводен подводен нуклеарен напад, варијанта на Хаил, што на корејски значи цунами, тврдејќи дека може да предизвика „радиоактивно цунами“.
Видете и ова: Северна Кореја вети дека ќе лансира три нови шпионски сателити во 2024 годинаПретходно оваа недела, Јужна Кореја, Соединетите Американски Држави и Јапонија спроведоа заеднички поморски вежби во водите во близина на јужниот остров Џеџу, за кои рекоа дека се одговор на севернокорејското лансирање хиперсонична ракета минатата недела.
На вежбите учествуваа девет воени бродови од три земји, меѓу кои и носачот на авиони УСС Карл Винсон.
Пјонгјанг во петокот објави дека вежбите „претставуваат причина за понатамошна дестабилизација на регионалната ситуација и претставуваат чин на сериозна закана за безбедноста“ на Северот, изјави портпаролот на тамошното Министерството за одбрана.