Ковачевски, Ахмети и Заев разговарале за претстојните избори

Илустративна фотографија.

Премиерот Димитар Ковачевски и актуелен лидер на СДСМ, лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев имале средба во Скопје.

Информацијата за МИА ја потврдиле извори од СДСМ.

Според информациите, средбата траела четири часа и поминала во конструктивна и позитивна атмосфера.

Видете и ова: Процедурата за техничка влада ќе почне на крајот на идната недела

Тројцата разговарале за европскиот фронт и за претстојните претседателски и парламентарни избори.

На крајот на идната недела сопоред законските рокови ќе се одвива процедурата за избор на техничката влада, која треба да биде формирана за десетина дена.

Актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери треба 100 дена пред изборите да биде технички премиер, а актуелниот координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски ќе биде претседател на Собранието додека трае техничката влада.

Видете и ова: Нема празници за вработувања во администрација, нови огласи за над 500 луѓе

Техничката влада треба да се избере на 28 јануари, а според договорот од лидерската средба на 4 декември 2023, првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април.

На 8 мај ќе има двојни избори – втор круг претседателски и парламентарни избори.