Украинскиот Киевстар добива скоро 100 милиони долари за претрпениот сајбер напад

Илустративна фотографија.

Веон - матичната компанија на најголемиот украински мобилен оператор Киевстар, ќе добие приход од околу 3,6 милијарди гривни (95 милиони долари) во 2024 година.

Средствата ги добива поради масовниот сајбер напад во декември, процени холандската телекомуникациска групација.

Проценетиот изгубен приход е поврзан со мерките што Киевстар ги презеде за да ги компензира клиентите за непријатностите предизвикани од прекините, соопшти Веон.

Видете и ова: Цела Украина под воздушна тревога по нападите со дронови

Сајбер-нападот беше најголемиот откако Русија ја започна својата војна против Украина во февруари 2022 година.

Со нападот беа оштетени услугите, вклучително и мобилните телефони, оштетувајќи ја ИТ инфраструктурата во неколку региони.

Со тоа беа ставени луѓето во ризик да не добиваат предупредувања за воздушни напади.