Новоизбраната судијка во Апелациониот суд во Скопје Александра Ристеска времено е упатена во Основниот кривичен суд до објавувањето на пресудата за случајот „Ласкарци“ во кој во атобуска несреќа загинаа 16 луѓе, а 37 беа повредени во 2019 година.
Ваква одлука донесе Судскиот совет на итна седница на 18 јануари. Ристеска е член на судечкиот совет за предметот „Ласкарци“, поради што постеше опасност од враќање од почеток на предметот кој трае повеќе од четири години. Рочиштето за објава на пресуда за случајот „Ласкарци“ е закажано на 25 јануари годинава.
Автобуската несреќа во Ласкарци се случи на 13 февруари 2019 година кога автобус на „Дурмо турс“ кој возеше на редовна линија Скопје-Гостивар и излета од автопатот во близина на селото Ласкарци. Загинаа 16 патници, а 37 беа повредени.
Видете и ова: Зошто вештачењето е најголем ризик за корупција во правосудството?За случајот обвинети се возачот на автобусот на „Дурмо турс“, сопственикот на фирмата, како и вработени во техничкиот центар на истоимената фирма, затоа што знаеле дека автобусот има неисправни сопирачки, па сепак го пуштале да го помине техничкиот преглед.
Обвинението беше поднесено уште во јули 2019 година, но предметот беше заглавен во формални процедури во судот.
Според членот 300 став 2 од Кривичниот законик, за кој се товарат обвинетите, казната затвор изнесува најмалку четири години.
Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.
Видете и ова: Неисправност на автобусот утврди супервештачењето за случајот „Ласкарци“Александра Ристевска, заедно со останатите новоизбраните судии во Апелациониот суд Скопје денеска дадоа свечена изјава пред Судскиот совет на Република Северна Македонија.
Судскиот совет на седница на 15 ноември ги избра Габриела Гајдова, Александра Ристевска, Весна Димишкова и Осман Шабани за судии од кривична област и Александар Шопов, Ирена Костадинова Ангелова, Наталија Донева и Илир Сулејмани за судии од граѓанската област во Апелациониот суд Скопје