Цела Украина под воздушна тревога по нападите со дронови

илустрација

Украина прогласи тревога за воздушен напад на целата нејзина територија, откако беа забележани воени авиони како полетуваат од Русија.

Претходно во текот на денот, Русија лансираше 33 беспилотни летала од иранско производство и две наведувани ракети С-300 врз украински цели, соопшти војската, додавајќи дека соборила 22 беспилотни летала.

Одделно, командата во јужна Украина соопшти дека едно лице е повредено и е забележана материјална штета откако беспилотни летала ги нападнаа регионите Керсон и Миколаев.

Видете и ова: Неколкумина повредени, повеќе од сто евакуирани по рускиот напад со дронови врз Одеса

Соборени се вкупно девет беспилотни летала во два региони, објави армијата на Телеграм.

Руската армија редовно ги бомбардира териториите на Украина кои се во дострелот на нивните ракети, беспилотни летала, артилерија, вклучително и цивилни објекти.

И покрај постоењето на докази, Москва тврди дека цел на овие удари е само воената инфраструктура на Украина.

Русија ја почна инвазијата врз Украина на 24 февруари 2022 година.