Со седум гласа „за“ и четири „против“ судскиот совет денеска одлучи да ја запре постапката за поведување на дисциплинска постапка против претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, што значи дека таа и натаму останува на чело на оваа институција.
На денешната седница на советот се дебатираше за извештајот кој го подготви од претходно утврдена Комисија составена од членови на советот, а кој требаше да ја прикаже фактичката состојба во врска со барањето за поведување дисциплинска одговорност за Адеми од страна на членот Миљазим Мустафа.
Мустафа пак кон крајот на минатата година ја поднесе оваа иницијатива, поради, како што наведе, недоаѓање на Адеми на седниците на Судскиот совет во период од шест месеци, како и поради отсуството на Адеми по повикот од Судскиот совет, таа да каже од каде доаѓаат политичките притисоци врз Врховниот суд за да се прифати и легализира амнестијата на Ѓорге Иванов, за кои претходно зборуваше во интервју за порталот СДК.МК.
Видете и ова: (Не)разрешувањето на Беса Адеми - нов испит за Судскиот советСепак, според мнозинството членови на Советот на денешната седница, овие аргументи „не биле доволно сериозни“, за Советот да започне постапка за поведување дисциплинска постапка против Беса Адеми.
„Она што кај мене одлучи да ја донесам оваа одлука, всушност е фактот дека овде, од кога сум во Советот, имаме членови кои не присуствуваат на седници и за кои никогаш не сме имале доказ за тоа зошто не присуствувале, бидејќи им веруваме на колегите кои ќе кажат дека се спречени дека таа спреченост е вистинска. Што е различно кај претседателката на Врховен, се прашувам? Зошто да применуваме различни аршини, јас не можам. По однос на вториот дел од иницијатива, за мене и овде нема повреда, бидејќи Адеми претходно известила оти не може да присуствува на седницата 6.11. 2023 година поради тоа што имала обврски“, рече во изнесувањето на својот став членот на советот Антоанета Димовска, најавувајќи дека ќе гласа за запирање на постапката против Адеми.
Видете и ова: Гир ги повика членовите на Судскиот совет да ги спроведат препораките на ЕУИ додека најголем дел од ставовите на членовите, како и на претседателката на советот Весна Дамева, беа на иста линија со оној на Димовска, членот на советот, адвокатот Тања Чачарова-Илиевска, рече оти за неприсуството на седниците на Адеми во најмала рака треба да и се изрече јавна опомена.
„Наместо Адеми за притисоци врз членови на Врховен да зборува во телото кое е надлежно за тоа, судски совет, таа тоа го прави во медиумите и не доаѓа на средби кога тоа треба да се дискутира. Не доаѓа на седници и не зборува јавно за притисоци кои се вршени. Ако има состојба кога член на судски совет со месеци не доаѓа на седница, дајте сите да се спакуваме и да си одиме, но јас мислам дека такво нешто не постои“, рече Чачарова-Илиевска.
Видете и ова: Весна Дамева повторно претседателка на Судскиот советНа крајот од расправата по оваа точка, која траеше околу 3 часа, претседателката Дамева изрази надеж дека соработката со Врховен во иднина ќе продолжи да се одвива на највисоко ниво, односно дека ваквите иницијативи нема да влијаат за нарушување на довербата и комуникацијата со овој суд.
Беса Адеми пак во интервјуто за порталот СДК.мк јавно зборуваше за притисоци кои биле вршени врз судии во Врховниот суд, истакнувајќи дека тие успеале да им „одолеат“ на истите, кои се движеле во насока на мешање на политиката во судството.
Видете и ова: Холандскиот амбасадор се сретна со Ахмети: Неприфатливо е политичко влијание врз претседател на Врховен судПо ова, неодамна на средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп, испрати порака дека „политички притисоци врз претседател на Врховен се неприфатливи“, нагласувајќи и дека за сето ова ќе следува „силна реакција од Холандија“.