Најмалку 16 ранети во руски напад врз Харкив

илустрација

Најмалку 16 лица се ранети во синоќешниот руски напад врз Харкив, вториот по големина град во Украина, на североисток во близина на границата со Русија, изјави регионалниот гувернер Олег Синегубов.

Тој на Телеграм информира дека руските сили го гаѓале градот со два ракети земја-воздух С-300 и оштетиле станбени згради.

Русија редовно ја бомбардира областа Харкив, каде што украинските власти вчера најавија евакуација на 26 села поради заканата од нападите на московските сили во областа.

Видете и ова: Евакуација на цивили од 20 села во североисточна Украина

Руските сили се движат кон истокот на регионот, особено во офанзивата кон Купјанск, каде што досега постигнаа слаби резултати и не успеаја да ја пробијат украинската одбрана, пренесе Бета.

Дел од регионот Харкив беше под руска окупација на почетокот на инвазијата која почна во февруари 2022 година, се додека контраофанзивата на украинските трупи не ги принуди руските трупи да се повлечат на исток.