Соединетите Држави ги осудија иранските напади во северен Ирак

илустрација

Американскиот Стејт департмент ги осуди иранските напади кај Ербил во северен Ирак.

„Се противиме на непромислените ирански ракетни напади кои ја поткопуваат стабилноста на Ирак“, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Во нападите не е погоден ниту еден американски објект и нема американски жртви, соопштија американски претставници.

Видете и ова: Турција изврши воздушни напади врз курдските милитанти во Ирак и Сирија

Иранската револуционерна гарда соопшти дека ги нападнала, како што ги нарече, „шпионските центри и местата каде се собираат антиирански терористички групи“ во Ербил, објавија иранските државни медиуми.

„Нападот беше извршен како одговор на неодамнешните терористички злосторства на непријателот на исламскиот Иран, а шпионските штабови и местата за состаноци на антииранските терористички групи беа цел на балистички ракети на ИРГЦ и беа уништени, соопшти иранската револуционерна гарда“, пренесува ИРНА.

Аеродромот во Ербил го прекинал сообраќајот откако се слушнале експлозии над градот, соопштиле три ирачки безбедносни извори.