до Уставниот суд поднесовме претставки за проценка на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи (односно Член 3) и Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Член 5) двата објавени во „Службен весник “ на 03.06.2021 година, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Со овие претставки се бара Уставниот Суд да поведе постапка за оценување на уставноста на овие два члена. Дополнително, во двете претставки се бара Уставен да донесе и решение за времена мерка, односно да се запре извршувањето на оспорените членови на Законите, се до одлучувањето дали се тие уставни или не.
„Со прифаќање на предлогот за времена мерка до носење на конечна одлука, би престанало да важи 12-ти февруари како краен рок за важење на пасошите и возачките дозволи, наведено токму во оспорените членови. Имајќи ја предвид состојбата пред пунктовите за фотографирање и за земање на новите документи, имајќи ја предвид состојбата дека нема нови обрасци во МВР, а тендерот е закажан за март месец, половина од луѓето на коишто им биле издадени пасоши и возачки дозволи, само 1,2 мил од 2,5 издадени пасоши досега се променети, всушност МВР немаат можност да ги заменат документите до 12 февруари, како што предвидуваат овие два оспорени членови“, истакна Стоилковски.
Видете и ова: Ковачевски: Личните карти ќе важат за внатрешна употребаРокот од пет години за замена на личните документи на граѓаните со новото уставно име на државата истекува на 12 февруари согласно Преспанскиот договор со Грција што стапи на сила во 2019 година.
Изминатиот период пак во Скопје можеше да се забележат големи метежи од граѓани кои со часови чекаат да се сликаат за нови лични документи, а истата слика деновиве може да се забележи и на пунктот на МВР за подигање на документите во зграда на МТВ.
За да се избегнат ваквите сцени, претседателот Стево Пендаровски на 9 јануари јавно изнесе предлог за пролонгирање на рокот при гостувањето на ТВ Сител. Тој предложи наместо февруари, рокот за замена да биде септември-октомври, а за истото претходно да се извести и побара согласност и од Грција.