Украина в понеделник соопшти дека соборила руски шпионски авион А-50 и команден авион Ил-22 над Азовското Море.
Началникот на украинската војска Валериј Залужњи на Телеграм напиша дека украинските воздухопловни сили уништиле руски авион за откривање радари А-50 и авион за контрола на воздушниот простор Ил-22.
Залужњи ги пофали украинските сили за, како што наведе, „совршено испланирана и извршена операција во регионот на Азовското Море“.
Во последните неколку дена пак, и двете страни, се под удар на воздушни напади со беспилотни летала. Дроновите се широко користени и од Москва и од Киев уште од почетокот на војната. Русија најмногу се потпира на евтино произведените беспилотни летала Шахед од Иран во нејзините воздушни напади врз украинската инфраструктура, подалеку од линиите на фронтот на истокот и југот на земјата.
Русија ја почна инвазијата врз Украина на 24 февруари 2022 година.