НАТО вежба за одбрана, најавено учество на 20 ооо британски војници, бродови и авиони

илустрација

Британското Министерство за одбрана денеска соопшти дека 20 000 припадници на британската војска ширум Европа ќе учествуваат во голема вежба на НАТО во првата половина од оваа година, како и воени бродови и борбени авиони.

Министерството соопшти дека 16 000 британски војници ќе бидат стационирани во источна Европа од февруари до јуни, како и ударна група носачи на авиони, нападни авиони Ф35Б и авиони за набљудување.

Кралската морнарица ќе распореди повеќе од 2 000 лица од осум воени бродови и подморници, додека повеќе од 400 маринци ќе бидат испратени во Арктичкиот круг.

Видете и ова: Германија домаќин на најголемата воена воздушна вежба во историјата на НАТО

Вежбата на НАТО „Steadfast Defender“ 24 ќе ја одбележи 75-годишнината од Алијансата.

НАТО го зголеми бројот на борбено подготвени војници откако Русија ја нападна Украина пред речиси две години.

Британскиот министер за одбрана Грант Шапс по повод вежбата изјави дека таа ќе покаже дека 30-те земји членки на НАТО и Шведска „обезбедуваат безбедна одбрана од руската закана“.

Извори од одбраната рекоа дека вежбата ќе биде подготовка за инвазија на земја членка на НАТО од кој било агресор, при што се верува дека главните закани доаѓаат од Русија и од тероризмот.