Од почетокот на руската инвазија на Украина пред речиси две години, вратени се само 517 од околу 20 000 илегално земени деца и држени во Русија, изјави украинскиот комесар за човекови права Дмитро Лубинец.
Според официјалните податоци на украинските власти, до крајот на минатата година од Украина во Русија биле однесени најмалку 19 546 деца. Бројката се однесува само на оние случаи кои се официјално евидентирани, а се верува дека вистинската бројка е значително поголема.
Лубинец, говорејќи на Светскиот економски форум во Давос на 14 јануари, рече дека се вратени и 2828 возрасни лица, меѓу кои 150 цивили.
„Нашата задача е да вратиме сè“, рече Лубинец, повикувајќи ја Меѓународната заедница „веднаш да ги засили напорите во таа насока“.
Видете и ова: Украински тинејџер по депортацијата во Русија, вратен во Украина: Духот не ни е скршенМеѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг минатиот март издаде налози за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и Марија Лвова-Белова, комесарка на Москва за правата на децата, под обвинение за воени злосторства поврзани со илегалната депортација на украинските деца, заедно со незаконско префрлување на луѓе во Русија од Украина од нејзината инвазија во февруари 2022 година.
МКС објави дека Путин и Лвова-Белова се обвинети дека „вршеле дела директно, заедно со други и/или преку други“.
Видете и ова: Украина бара побрзо враќање на децата депортирани од РусијаМКС објави дека Путин „не спроведувал соодветна контрола над цивилните и воените подредени кои извршиле дејствија или дозволиле нивно извршување и кои биле под негова ефективна власт и контрола, во согласност со одговорноста на претпоставениот“.
Одлуката на МКС беше поддржана од САД и повеќето земји од ЕУ, но заедничката одлука на ЕУ беше блокирана од Унгарија.
Кремљ ги отфрли обвинувањата за присилна депортација. Руските власти тврдат дека ги „спасиле децата“ од воените дејствија и се подготвени да ги вратат оние што ги бараат нивните родители и старатели.