Македонското Министерство за внатрешни работи денеска уапси 45-годишно лице од Скопје кое набавувало кокаин, херион и марихуана, а потоа ги препакувал и препродавал по 3.000 денари за кокаин, 600 до 1.000 денари за пакување хероин и 600 денари за пакување марихуана. Имотот кој му го заплениле на уапсениот е вреден над 600.000 евра.
Видете и ова: Четири лица се приведени за пукањето пред тетовската болницаПолицијата заедно со Јавното обвинителство спровеле криминалистичко истражување од септември 2023 година до јануари 2024 година за лицето со иницијали (Р.К.) од Скопје и во текот на истрагата обезбедиле докази дека лицето продавало дрога на поголем број лица.
„На 14.01.2024 во координација со САЕ Тигар во населбата Гази Баба во Скопје извршени се претреси на три локации. При претресите се пронајдени кокаин, три дигитални ваги и друго, а во деловниот објект се пронајдени 21 компјутери со монитори и гејмерска опрема, разновидна компјутерска опрема вредна околу 120.000 евра, за кои постои сомнение дека се купени од парите од продажба на дрога“, соопшти МВР.
Видете и ова: Лажна дојава за бомба во зградата на Народната банкаПо приемот на кривичната пријава, во текот на утрешниот ден, информираат од МВР, Основното јавно обвинителство Скопје ќе донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик.
До Основниот кривичен суд Скопје ќе биде доставен предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.