Војната меѓу Израел и милитантната група Хамас, која САД и ЕУ ја прогласија за терористичка организација, на 14 јануари влезе во 100-тиот ден.
Претходно израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека „никој нема да не спречи“ да ја уништиме милитантната група.
Конфликтот предизвика хуманитарна криза, со повеќе од 23.000 загинати лица во Газа.
Видете и ова: Илјадници луѓе во Лондон и други градови на пропалестински маршевиГолем дел од опколената палестинска територија беше претворена во урнатини.
Војната во Газа започна на 7 октомври, кога милитантите на Хамас започнаа напад без преседан од Појасот Газа.
Нападот резултираше со околу 1.140 смртни случаи во Израел, главно цивили, според извештајот на АФП заснован на официјални бројки.