Лажна пријава била испратена за наводно поставена бомба во зградата на НБРСМ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од полицијата велат дека благодарение на воспоставените протоколи за безбедност од изминатата година за институциите а кои и НБРСМ ги имплементирала „безбедноста е загарантирана со висок степен“.
„Денеска (13.01.2024) по добиена пријава за наводно поставена бомба, од страна на Единицата за антитероризам при Бирото за јавна безбедност се направени потребните проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава“, велат од МВР.
Видете и ова: Пронајдени се малолетници за лажни дојави за бомби во Србија и БиХВо соопштението полицијата апелира до граѓаните да не се вознемируваат.
„Институциите имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на Владата во целост и на тој начин да ја засилат безбедноста на своите објекти, стои во соопштението.
Инаку, на терен можеше да се видат повеќе возила на полицијата и полициски службеници.