Претседателски избори во Тајван: Победи кандидатот кој се противи на Кина

Жена гласа на избирачко место за време на претседателските и парламентарните избори во Њу Тајпеј Сити, Тајван, 13 јануари 2024 година.

Лаи Чинг-те, претседателскиот кандидат на владејачката партија на Тајван, победи на изборите на 13 јануари.

На овие избори на кои победи Лаи Чинг-те, Кина ги постави како избор меѓу војна и мир.

Кандидатот за главната тајванска опозициска партија Куоминтанг (КМТ), Хоу Ју-их, го призна поразот на изборите.

Видете и ова: Кина санкционира пет американски компании како одговор на продажбата на оружје на Тајван

Демократската прогресивна партија на Лаи се залага за посебниот идентитет на Тајван и ги отфрла територијалните претензии на Кина.

Таа бараше трет мандат, без преседан според сегашниот изборен систем на Тајван.

Кина постојано го осудува Лаи како опасен сепаратист и ги отфрла неговите постојани повици за разговори.

На актуелниот претседател на Тајван, Цаи Инг-вен, уставно му е забрането повторно да се кандидира по два мандати.

Лаи се соочи со двајца противници за претседател - Хоу Ју-их од најголемата тајванска опозициска партија Куоминтанг (КМТ) и поранешниот градоначалник на Тајпеј, Ко Вен-је од малата Тајванска народна партија, основана во 2019 година.

И двајцата кандидати го признаа поразот.