Поради сообраќајна несреќа во која загина млад жител на Вевчани, улиците на 13 јануари се празни и нема маскирани лица за традиционалното одржување на Вевчанскиот карневал, изјави градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовески. Откажани се и музичките концерти за настанот.
„Вевчани е место кое овој ден го чека цела година, но не на ваков начин“, изјави Кочовски.
Според информациите од Вевчани, младиот жител на Вевчани кој загинал во сообраќајка е синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски, објави МИА.
Сообраќајната несреќа се случила на локалниот пат Вевчани-село Подгорци, соопшти СВР Охрид.
„Дваесетгодишно момче со иницијали М.М. синоќа загинало во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска околу 1: 20 часот на локален пат меѓу Вевчани и струшкото село Подгорци“, велат од од СВР Охрид.
Полицијата соопшти дека увид на лице место извршиле полициски екипи, како и дека и јавен обвинител излезен е на местото на настанот.