Руско гранатирање од преку реката Днепар погоди улица во јужниот град Херсон на 12 јануари, при што загинаа двајца цивили, меѓу кои и една жена, изјави регионалниот гувернер Олександар Прокудин на Телеграм.
Руски гранати погодија улица во градот.
„Една жена е убиена на лице место. Во автомобил е пронајдено и изгорено тело“, рече Прокудин.
Видете и ова: Британскиот премиер им порача на Украинците дека ќе биде со нив „колку што е потребно“Украинските сили го ослободија Херсон и неговата околина во ноември 2022 година.
Тогаш тие ги принудија руските трупи да се повлечат преку Днепар.
Руските трупи оттогаш редовно го гранатираат градот, предизвикувајќи бројни жртви меѓу цивилите и материјална штета.