Еден од четворицата осомничени за инцидентот во Македонската навигација (М-НАВ), по кои се трагаше со потерница, е лишен од слобода денеска, 12 јануари, од страна на припадниците на Министерството за внатрешни работи, соопштија од Јавното обвинителство.
По приведувањето, јавен обвинител ќе побара од Основниот кривичен суд да му одреди мерка притвор.
Упадот во објектот на М-НАВ на Меѓународниот аеродром Скопје се случи на 4 јануари, а за случајот обвинителството отвори истрага против осум лица осомничени за кривичното дело загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.
Од нив, четворица беа приведе, а по четворица се трагаше од кои едно лице е приведено на 12 јануари.
Четворицата осомничени кои беа лишени од слобода со отворањето на истрагата во моментов се наоѓаат во куќен притвор. За нив обвинителството бараше мерка ефективен притвор, но судија на претходна постапка им одреди само мерки на претпазливост. По ова, следуваше жалба од обвинителството, а Кривичниот совет при судот делумна ја прифати и на 11 јануари на четворицата им определи притвор, но куќен, а не ефективен. Меѓу четирите лица е и Бекир Незири, советник во М-НАВ и член на ДУИ.
Видете и ова: Судот определи куќен притвор за Незири и уште тројца осомничени за инцидентот во М-НАВОбвинителството остана незадоволно бидејќи не се определи најстрогата мерка што ја бараше, а од Основниот кривичен суд порачаа дека странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје.
Меѓутоа, наспроти ваквите тврдења на судот, Обвинителството вели дека тоа не е така.
„Имено, согласно член 169 став 3 од ЗКП, кој е наведен и во правната поука на донесените решенија, само обвинетиот има право на жалба во рок од 24 часа против решението на советот и за таа жалба одлучува советот на повисокиот суд. За ова веќе постои и претходна судска пракса на Апелациониот суд, па Обвинителството мора да ја почитува одлуката на судот, иако и натаму смета дека мерката куќен притвор и определените дополнителни мерки на претпазливост не се доволни за обезбедување на осомничените и за заштита на постапката“, реагираа од обвинителството на 12 јануари.
Инаку, инцидентот во М-НАВ следуваше веднаш по прес-конференцијата на претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски, на која тој информираше дека контролори на летање и нивни помошници ќе поднесат оставки од раководните позиции, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција.
Видете и ова: Инспектори за труд влегоа во М-НАВНа 11 јануари во надзор во М-НАВ влегоа и тројца инспектори од Државниот инспекторат за труд (ДИТ).
Денеска (12 јануари) тие завршиле со разговорите во Македонска навигација и ги документираат податоците и документите.
„Значи нема повеќе да се оди кај работодавачот, сега ќе следи период на анализа на документацијата, разгледување и утврдување на фактичката состојба, изјави директорката на ДИТ, Весна Томовска.
Таа посочува дека се разгледуваат четирите последни огласи за вработување, како и дали синдикатот има најави за штрајк согласно Законот.
„Последните огласи за вработување се четири, објавени се за 21 работно место, а пополнети се 17 извршители. Инспекторите со синдикатот денес имаа разговори, го имаа и повикано синдикалниот претставник, ги достави и тој документите што им беа потребни на инспекторите во делот на тоа како се одвивале преговорите, дали е штрајкот најавен, дали имаат било каква документација во делот на нивните барања, дали се економско-социјални барањата“, вели Томовска.
Според нејзината изјава, анализите на инспекторите ќе потројат најмалку една недела бидејќи стануба збор за обемна документација и секое досие се разгледува посебно.
Видете и ова: Штрајкот на контролорите на летање во мирување до конечни оставки на директоритеСлучувањата во М-НАВ доведоа и до разрешувања на раководните позиции. Владата по седницата одржана на 9 јануари даде насоки до Надзорниот одбор на институцијата да разреши двајца од тројца директори: Фахрудин Хамиди, кој беше извршен директор, и Љубе Стаменковски, кој беше секторски-технички директор.
Првично, во владината препорака до Надзорниот одбор беше наведено дека на нивно место треба да се назначат Илир Мехмеди и Милан Кораќ. Но, по информациите дека Мехмеди не ги исполнува условите (извршниот директор да има дозвола за надзор и контрола на летање, како и работно искуство од најмалку 6 години) Владата доцна попладнево истиот ден (9 јануари) го предложи Хекуран Асани за претседател на Управниот одбор на М – НАВ.