Британскиот премиер Риши Сунак во петокот беше во најавената посета на Киев, каде што ја изрази британската поддршка за борбата на Украина против руските напаѓачи „колку што е потребно“.
Тој вети зголемување на воената помош за загрозената земја, која побара од сојузниците да ја засилат испораката на оружје во услови на нагло зголемување на руските воздушни напади.
„Во Украина сум за да кажам едноставна порака. Нашата поддршка не може и нема да попушти“, напиша Сунак на платформата X (поранешен Твитер), на 12 јануари во порака придружена со фотографија меѓу луѓето во Киев.
„За сите Украинци, Британија е со вас – онолку колку што е потребно“, напиша Сунак.
За време на посетата, како што објави британската влада, премиерот и украинскиот претседател Володимир Зеленски потпишале договор за безбедносна соработка.
„Велика Британија и Украина одлучија да ја продлабочат својата соработка и партнерство врз основа на нивните заеднички интереси во одбраната на меѓународниот поредок и право, мирот и заштитата на основните човекови права и слободи“, се вели во документот.
Договорот се фокусира на три главни компоненти на безбедносните обврски на Обединетото Кралство кон Украина: „обезбедување сеопфатна помош“ за Украина, „спречување и активно одвраќање“ на каква било воена ескалација и поддршка на „идната интеграција на Украина во евроатлантските институции“.
Пред да пристигне во Киев, Сунак најави зголемување на военото финансирање за Украина на 3,2 милијарди долари.
Видете и ова: Британскиот премиер отпатува во ненадејна посета на УкраинаВо соопштението, британската влада вети дека дел од средствата ќе бидат искористени за „најголема испорака на беспилотни летала во Украина од која било земја“.
Ќе застанеме покрај Украинците, во нивните најтемни времиња и во подобрите времиња што доаѓаат“, се вели во соопштението.
Двете земји, исто така, треба да го потпишат историскиот договор за безбедносна соработка меѓу Обединетото Кралство и Украина, кој ќе се заснова на договорот на Групата седум водечки индустриски развиени земји за обезбедување на Украина со билатерални безбедносни гаранции.
Сунак, кој првпат ја посети Украина во ноември 2023 година, набргу откако стана премиер, ќе разговара со претседателот Володимир Зеленски и други високи украински функционери.
Велика Британија е вториот најголем донатор на воена помош за Киев по САД, со вкупен придонес од 4,6 милијарди фунти (околу 5,35 милијарди евра) во текот на 2022 и 2023 година.
Ветувањето на Велика Британија да ја зголеми помошта за 255 милиони долари од претходната година доаѓа еден ден откако Зеленски се врати во Украина од турнејата на Балтикот каде што продолжи да ги притиска западните сојузници да ги зголемат финансирањето за речиси двегодишната војна.
Видете и ова: Зеленски предупредува дека „паузата“ во војна ќе биде од корист само за РусијаЗеленски побара од сојузниците на Украина да продолжат со испораките на оружје поради знаците на замор на донаторите во некои земји и додека Русија се свртува кон земји како Иран и Северна Кореја за муниција.
На 11 јануари тој рече дека ситуацијата на линијата на фронтот е „многу комплицирана“ и повтори дека на украинските сили им недостасува оружје.
Тој, исто така, рече дека Владимир Путин по претседателските избори во Русија во март, на кои се очекува да победи, најверојатно ќе преземе поголема воена акција во Украина.
Украина беше изложена на неколку големи бранови руски ракетни и беспилотни напади од почетокот на годинава кои предизвикаа цивилни жртви и материјална штета.