Туристите наскоро ќе плаќаат за влез во џамијата Аја Софија

Туристите чекаат ред за да влезат во Аја Софија, Истанбул, Турција, 10 јануари 2023 година.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кон средината на 2020 година ја претвори светски познатата Аја Софија во Истанбул од музеј во џамија – по оваа промена влезот беше бесплатен, но наскоро тоа повторно ќе се промени за туристите.

Ердоган тогаш ја смируваше јавноста дека ќе ги укине влезниците, односно дека овој споменик на културата ќе биде отворени за сите – за муслиманите и за оние кои не се муслимани.

Сепак, од 15. јануари повторно ќе се случи голема промена: влезот во Аја Софија ќе биде ограничен и посетителите повторно ќе мораат да плаќаат.

Видете и ова: Прва рамазанска молитва во „Аја Софија“ во Истанбул по 87 години

Министерот за туризам во оваа земја, Нури Ерсој, се надева дека промените ќе можат да доведат до подобар соживот меѓу верските и туристичките посетители.

Туристите неизбежно создаваат бучава и ги попречуваат молитвите, изјави неодамна Ерсој.
Туристите и верниците досега можеа заедно да влегуваат во внатрешноста на Аја Софија, со бариери и патокази кои одржуваа одредена дистанца.

Меѓутоа, од средината на јануари, верниците и посетителите ќе имаат посебни влезови.

Додека верниците ќе можат да ги користат досегашните влезови, туристите ќе влегуваат преку галерија на другиот кат.