Таткото од Кичево осомничен за убиството на својата двегодишна ќерка доби 30-дневен притвор, соопштија од СВР Охрид.
По одлуката на кичевскиот суд, тој бил префрлен на издржување на мерката во битолскиот затвор.
За осомничениот татко, на 11 јануари Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кичево отвори истрага за кривичното дело убиство.
„Осомничениот на 18 декември 2023 година при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крвавење во мозокот и скршеници на две ребра“, соопштија од обвинителството.
Видете и ова: Молкот „соучесник“ во убиства на женитеДетето прво било однесено од кичевската болница, а оттаму било префрлено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје каде починало на 8 јануари.
За случајот се огласија и од Министерството за здравство наведувајќи дека двегодишното дете било примено во Ургентниот центар во Кичево во коматозна состојба. Целата здравствена документација, како што посочија, била предадена на надлежните истражни органи.