Двајца застрелани пред Ургентен центар во Тетово

Клиничка болница Тетово

Две лица се застрелани вечерва пред влезот на Ургентниот центар во Клиничката болница во Тетово, соопшти тетовската полиција. Тие биле пренесени на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

На пукањето му претходела физичка пресметка меѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето. Полицијата соопшти дека трага по пет луѓе, кои се осомничени за случајот.

Видете и ова: Спасовски: Убиствата се расчистуваат, за петте „мафијашки“ немаме докази

Доктор Бобан Вучевски од Клиничката болница Тетово изјави инцидентот се случил пред Ургентниот центар, но дека нема повреден персонал, а болницата сега работи нормално.