Рускиот Врховен суд на 11 ноември отфрли две тужби поднесени од затворениот опозициски политичар Алексеј Навални против Министерството за правда. Навални се противи на прописите на Министерството за поправните институции, според кои, има забрана за повеќе од една книга во казнените ќелии и ограничување од 15 минути за консумирање храна во затворските кафетерии.
Навални, денеска преку видео врска се појави пред судија на Врховниот суд, но тој му ги одби барањата за подолги паузи за оброци и да му се даде пристап до повеќе книги.
Еден ден претходно, друг суд ја отфрли тужбата на Навални против неговото сместување во казнена ќелија во октомври во затворот каде што беше претходно сместен. Навални изјави претходно оваа недела дека бил испратен во самица веднаш по завршувањето на карантинскиот рок во построг затвор во рускиот арктички регион.
Видете и ова: Навални ставен во самица по излегувањето од карантин во затворот на АрктикотНавални, кој има 47 години, се обрати до судијата облечен во црна затворска униформа и стоејќи зад решетки во мала празна соба.
Ова беше негово последователно појавување на суд, втор ден по ред.
Навални минатиот месец беше префрлен во арктичката казнена колонија „Поларен волк“, откако неговата кумулативна казна беше продолжена на повеќе од 30 години затвор.
Навални и неговите поддржувачи велат дека многу од обвиненијата против него, кои се движат од измама до екстремизам, се измислени за да ја замолчат неговата критика кон рускиот претседател Владимир Путин.