Доколку кој било бил под притисок од кого било тоа треба да го каже со име и со презиме, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање по вчерашните критики упатени од холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп, кој на средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, испрати порака дека за Холандија е „неприфатливо да се вршат притисоци врз позицијата претседател на Врховен суд“, како и дека за тоа ќе следува „силна реакција од Холандија“.
„Никогаш не сум го запознал претседателот на Врховниот суд во капацитетот на својата дејност, бидејќи се одвоени извршната и судската власт. Во ред е ставот на амбасадорот. Но, сметам дека ако има притисок, тој треба да се каже со име и презиме“, изјави Ковачевски.
Покрај овие критики, Коп вчера на средбата со Ахмети истакнал и дека Северна Македонија веќе две години има „континуиран пад во владеењето на правото со што се доведува во прашање посветеноста на земјава на патот кон ЕУ“, а Ковачевски во однос на ова прашање рече дека за тоа треба да се прашаат оние кои се задолжени за владеење на правото.
Видете и ова: Холандскиот амбасадор се сретна со Ахмети: Неприфатливо е политичко влијание врз претседател на Врховен судПорано денеска пак, по одржан брифинг со новинарите, министерот за надворешна политика Бујар Османи порача дека „олигархијата, а не политиката е виновна за падот на владеењето на правото“.
„Од наша страна повеќе сметаме дека има одредено влијание на олигархијата во критични точки во системите во државата, коишто се многу погласни отколку кое било евентуално политичко влијание“, истакна Османи.
Холандскиот амбасадор во земјава пак овие пораки ги упати вчера на средба со Ахмети, а по завршување на средбата следуваше и соопштение од ДУИ, во кое во однос на критиките за притисоци кон Врховен суд се вели дека „судскиот совет треба да постапува без какви било надворешни или внатрешни притисоци“.
Видете и ова: Османи контра Коп - Олигархијатата, а не политиката е виновна за пад на владеење на правото„Што се однесува до Врховниот суд, Ахмети истакна дека во надлежност на Судскиот совет е да постапува според законите. Според извештаите, до денес имало повеќе дисциплински постапки и во нивна надлежност е да постапуваат согласно законот и без каков било внатрешен или надворешен притисок“, се вели во соопштението на ДУИ.
Коментарите на Коп пак доаѓаат во време кога се чека конечна одлука од судскиот совет за евентуално поведување на дисциплинска постапка против неа, откако беше поднесена иницијатива за тоа од членот на советот Миљазим Мустафа.
Видете и ова: Ахмети до Коп за критиките за Врховен: Судскиот совет е надлежен да постапува законски, без притисоциМустафа ја поднесе оваа иницијатива поради нејзино интервју за порталот СДК.МК, во кое таа зборуваше за политички притисоци врз институцијата на која таа е прв човек, за оживување на „амнестијата на претседателот Ѓорѓе Иванов, како и за политичките математика за спас на експремиерот во бегство, Никола Груевски.
За иницијативата за дисциплинска одговорност се чека конечна одлука.