Законот за ветинг за судиите, обвинителите и политичарите е подолго време во Собранието, но ЕУ првично имаше резерви во овој процес. Што се однесува до Врховниот суд, во надлежност на Судскиот совет е да постапува според законите, ова го порачал лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети на денешната средба со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, информираат од ДУИ.
Во соопштението на партијата, се вели и дека на средбата меѓу Ахмети и Коп, се разговарало за влијанијата на Истокот во регионот, владеењето на правото, реформите, како и за важноста на европската интеграција на земјава.
Во однос на изнесените критики од страна на холандскиот амбасадор Коп дека „не се прифатливи политички притисоци врз претседател на Врховен, Ахмети порачал дека „надлежност на судскиот совет е да постапува законски“.
„Што се однесува до Врховниот суд, Ахмети истакна дека во надлежност на Судскиот совет е да постапува според законите. Според извештаите, до денес имало повеќе дисциплински постапки и во нивна надлежност е да постапуваат согласно законот и без каков било внатрешен или надворешен притисок“, се вели во соопштението на ДУИ.
Видете и ова: Холандскиот амбасадор се сретна со Ахмети: Неприфатливо е политичко влијание врз претседател на Врховен судПорано денеска пак, холандската амбасада на својот Фејсбук профил извести за средбата меѓу Коп и Ахмети, пренесувајќи оти Коп му порачал на лидерот на ДУИ дека интеграцискиот пат на земјава е загрозен поради „континуираниот пад во владеењето на правото“, како и поради „политички притисоци врз претседател на Врховен суд“.
„Амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети за да ја пренесе пораката дека по двегодишен постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар. Исто така, неприфатливо е несоодветното политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа и ќе предизвика силна реакција од Холандија“, стои во објавата на холандската амбасада на Фејсбук.
Видете и ова: (Не)разрешувањето на Беса Адеми - нов испит за Судскиот советЗа претседателката на Врховен пак, Беса Адеми, се чека конечна одлука од судскиот совет за евентуално поведување на дисциплинска постапка против неа, откако беше поднесена иницијатива за тоа од членот на советот Миљазим Мустафа.
Мустафа ја поднесе оваа иницијатива поради нејзино интервју за порталот СДК.МК, во кое таа зборуваше за политички притисоци врз институцијата на која таа е прв човек, за оживување на „амнестијата на претседателот Ѓорѓе Иванов, како и за политичките математика за спас на експремиерот во бегство, Никола Груевски.