Единствено што нè кочи за еврозоната е повисоката инфлација во Бугарија, бидејќи тргнуваме од помали приходи, изјави бугарскиот премиер Николај Денков, кој во директен пренос на Фејсбук одговараше на прашања од граѓаните и медиумите.
„Со министерот за финансии разговараме за мерки, што друго би можеле да направиме за побрзо намалување на инфлацијата. Дел од нашата инфлација доаѓа од повисоките приходи во последните години, кои се повисоки од инфлацијата, но и поради заостанувањето што го имаме, како и повисокиот раст, кој минатата година беше еден од највисоките во ЕУ“, објасни Денков.
Тој вели дека покачувањето на минималната плата за 20 отсто неминовно ги зголемува и другите плати, а тоа пак од друга страна, ја намалува нееднаквоста.
„Мојот план за оваа година, како што се приближуваме до крајот на програмата за управување за 2024 година, е за нас да подготвиме програма за управување за следните години, до крајот на терминот, кој ќе биде крајно фокусиран на демографските проблеми, здравствена заштита и образование“, рече бугарскиот премиер.
Видете и ова: Од март Бугарите и Романците во ЕУ без пасоши со авион и бродВо меѓувреме, Европскиот Совет на 31 декември објави дека од 31 март на граѓаните на Бугарија нема да им требаат пасоши за да патуваат со авион или преку море во повеќето други земји-членки на ЕУ, како и во Норвешка и Швајцарија.
На Бугарите, но и на Романците ќе им треба пасош при преминување на копнените граници во соседните земји-членки на ЕУ.
Со одлуката на Европскиот Совет се проширува Шенген зоната на 25 од 27 членки на европскиот блок.