На 10 јануари утрото ширум Украина беше прогласена тревога за воздушен напад, а властите им наложија на граѓаните да се евакуираат поради зголемениот ризик од руски ракетни напади.
„Опасност од ракетен напад на целата територија на Украина! Руските МиГ-31К полетуваат од аеродромот Саваслеика (во рускиот регион Нижни Новгород). Не го игнорирајте предупредувањето за воздушен напад!“ се вели во предупредувањето од украинското воено воздухопловство, објавено на Телеграм.
Видете и ова: Русија изврши повеќе ракетни напади врз УкраинаРуската војска редовно ги напаѓа украинските региони со различни видови оружје: беспилотни летала, ракети, противвоздушни ракети. Москва, и покрај доказите и сведочењата, негираше дека гранатирала цивили во Украина од почетокот на целосната инвазија.
Во последните неколку дена, Украина доживеа неколку масовни напади (и со употреба на ракети и со беспилотни летала) од Русија. Како резултат на овие гранатирања, стотици беа ранети, а десетици загинаа.