Претседателот на Собранието на Саудиска Арабија на средби со Пендаровски и со Џафери

Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија

Делегација предводена од Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија денеска (10 јануари) ќе оствари средби со претседателот на државата Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери, а по средбата ќе присуствува и на потпишување во Книга на впечатоци.

Како што се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски, Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура, ја предводи делегација во официјална посета на Северна Македонија.

Претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија во земјава ќе престојува до петок.

Поради посетата на Мухамед АлШеикх во Скопје од понеделникот, како што соопшти МВР, до сабота ќе има променет режим на сообраќај.

Со посебниот режим кој ќе го спроведе Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат опфатени сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.