Додик го одликува Орбан со истото признание што му го додели на Путин

Милорад Додик, претседател на Република Српска, во тек на доделувањето на одликувањата, 9 јануари 2024

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска (9 јануари) го одликуваше унгарскиот премиер Виктор Орбан со Орден на Република Српска(РС).

„Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, прифати да ја добие највисоката награда на Република Српска. Тоа е гордост на Републиката и благодарност до човекот кој е подготвен да нѐ почитува како вистински политички факт. Моите луѓе и јас следевме што сите вие придонесовте за Република Српска. Имаме пријатели како никогаш порано“, рече Додик.

Овој орден, што е во во на ѓердан, Додик му го додели и на Владимир Путин, претседателот на Руската Федерација на 8 јануари минатата година, во ек на руската агресија врз Украина.

Покрај Орбан, Додик со орден знаме ги одликуваше и Ненад Стевандиќ, претседател на Народното собрание на Република Српска и Владимир Орлиќ, претседател на Народното собрание на Србија.

Видете и ова: Орден од Република Српска за Путин


Ордени добија и писателот Матија Бечковиќ, поранешниот политичар и политиколог Ненад Кечмановиќ и министерката за здравство на Србија, Даница Грујичиќ.

Орбан не присуствуваше на прославата на Денот на Република Српска, а претседателот на овој босански ентитет рече дека е договорено наградата да му биде врачена при посетата на Бања Лука следниот месец.

Орбан ги блокираше обидите Европската унија да го санкционира Додик, кој претходно беше санкциониран од САД и Велика Британија за антидржавно дејствување во Босна и Херцеговина.

Орденот на Република Српска е највисокиот орден во РС што се доделува на шефови на странски држави, истакнати личности за исклучителна работа и заслуги, како и на личности и институции од значаен придонес во создавањето на РС.

Овој орден се најде и во плакарите на сите претседатели на Србија, патријархот на Српската православна црква и на пет лица кои Хашкиот трибунал ги осуди за геноцид и други воени злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина и во Хрватска.

Орден добија и сите претседатели на РС, вклучително и Радован Караџиќ како и Врховниот командант на Армијата на Република Српска, Ратко Младиќ, кои беа осудени на доживотен затвор за геноцид и други воени злосторства извршени врз несрпското население.