Соединетите Држави очекуваат дека релевантните органи за спроведување на законот и правосудните институции ќе спроведат истрага за секој случај на прекршување на законот поврзан со одбележувањето на Денот на Република Српска на 9 јануари, соопшти американската амбасада во Босна и Херцеговина.
Нагласија дека Уставниот суд со повеќекратни пресуди јасно нагласил дека одбележувањето на овој ден е противуставно.
„Проблемот не лежи во празнувањето на празникот, туку во одлуката тој да се слави на деветти јануари.Поврзувањето на таа прослава со православен верски празник е спротивно на неколку одредби од Уставот на Босна и Херцеговина кои забрануваат дискриминација. Ова е прашање на закон, а не нечие мислење“, соопшти амбасадата на САД.
Видете и ова: Протест во Сараево поради неуставниот ден на Република СрпскаВо соопштението се наведува дека Уставот на БиХ пропишува дека субјектите мора целосно да ги почитуваат одлуките на институциите на БиХ, вклучително и конечните и обврзувачки пресуди на Уставниот суд на БиХ.
„Според Кривичниот законик на Босна и Херцеговина, непочитувањето на пресудите на Уставниот суд на Босна и Херцеговина претставува кривично дело“, наведуваат од амбасадата на САД.
Тие додадоа дека САД претходно реагирале на антидејтонските активности и дека нема да се двоумат да го сторат тоа во иднина.
Властите во Република Српска и оваа година го организираат одбележувањето на Денот на РС на 9 јануари. Токму на тој ден во 1992 година, Собранието на српскиот народ во Босна и Херцеговина ја усвои Декларацијата за прогласување на Република Српска како независен ентитет во рамките на Босна и Херцеговина.
Претставниците на Бошњаците и Хрватите не учествуваа во изготвувањето на декларацијата. Овие две нации го гледаат 9 јануари како почеток на војната во Босна и Херцеговина и почеток на етничко чистење, воени злосторства и геноцид врз несрпското население.
Уставниот суд на Босна и Херцеговина во својата пресуда не го оспори правото да се слави денот на Република Српска, но утврди дека празникот не може да се слави на 9 јануари.