Германскиот канцелар Олаф Шолц ги повика сојузниците во Европската Унија да и дадат поголема воена поддршка на Украина оваа година во нејзината борба против сеопфатната инвазија на Русија.
„Испораките на оружје за Украина, во моментов планирани од повеќето земји-членки на ЕУ, се премали. Ги повикувам нашите сојузници во Европската Унија, исто така, да ги засилат своите напори во корист на Украина“, рече Шолц.
Според него, до 1 февруари, за кога е закажан состанокот на Европскиот Совет, членките на ЕУ треба да одлучат каков конкретен придонес ќе дадат за поддршка на Украина оваа година.
Германија сега е една од водечките добавувачи и на оружје и на финансиска помош за Украина. На крајот на минатата година, Берлин се согласи да одвои осум милијарди евра за воена помош за Украина во 2024 година.
Видете и ова: Полска го повика Западот да ја опреми Украина со ракети со долг дострелПовиците да се засили поддршката за Украина доаѓаат во време кога американскиот Конгрес не може да се договори за нацрт-законот за воена помош за Украина, почнувајќи од есента 2023 година.
Претседателот Џо Бајден им предложи на конгресмените нацрт-закон за национална безбедност од над 100 милијарди долари, вклучително и 61 милијарда долари помош за Киев. Тој документ не беше одобрен од републиканците, кои сакаат во нацрт-законот да го вклучат зајакнувањето на граничните и миграциските мерки на американско-мексиканската граница.