Шпанија ги призна косовските пасоши, но не и независноста

Илустрација, косовски пасош

Шпанија сега ги признава косовските пасоши, но сè уште не ја признава Косово како независна држава одвоена од Србија, изјави на 8 јануари шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес.

Мадрид ги призна пасошите откако на 1 јануари стапи на сила долгоочекуваната шема за визна либерализација на Европската унија, која им дозволува на косовските граѓани да патуваат во без визи во безграничната зона на Европа.

Новиот режим им овозможува на косовските граѓани да влезат во Шенген зоната без визи за период до 90 дена во временска рамка од 180 дена.

Досега, Шпанија беше единствената членка на ЕУ која што не ја призна независноста на Косово и која одбиваше влез на сопствениците на косовски пасоши, дури и ако тие поседуваа шенген виза.

„Шпанија сè уште не го признава суверенитетот или независноста на Косово, бидејќи ние не ги признаваме едностраните прогласи за независност“, рече Албарес за новинарите.

Видете и ова: Косовските граѓани отсега ќе можат да патуваат во Шпанија без виза


Шпанската влада долго време се бори со сопствените движења за независност во Каталонија и Баскија.

Шпанија е една од петте земји на ЕУ кои не ја признаваат балканската држава, која прогласи независност од Србија во 2008 година. Останатите се Кипар, Грција, Романија и Словачка. Сепак, споменатите земји ги признаваат патните исправи издадени од властите во Косово.

Косовскиот вицепремиер Бесник Бислими во саботата го поздрави признавањето на косовските пасоши од страна на Мадрид, пишувајќи на Фејсбук дека „добрите вести продолжуваат за нашите граѓани и нашата земја“.

Граѓаните на Косово кои имаат биометриски пасоши од 1 јануари можат да патуваат без виза во 27-членки на шенгенската зона, откако на сила стапи одлуката за либерализација на визите за Косово.

Косово, кое има население од околу 1,8 милиони луѓе, беше последната од шесте земји на Западен Балкан што добија укинување на визите.