Платформата за борба против корупција бара Владата да утврди одговорност за инцидентот во М-НАВ

Простории на Контрола на летање во М-НАВ

Платформата на граѓански организации против корупцијата бара институциите на
системот, во целост да ги расветлат деталите околу насилниот инцидент во М-НАВ, кој
се случи на 4 јануари годинава. Оттаму бараат од Владата како основач на М-НАВ да утврди морална и политичка одговорност кај оние што се вклучени.

Во отвореното писмо кое денеска го испратија до медиумите се наведува дека Платформата смета дека сите кои се залагаат и делуваат против партиски вработувања без разлика на националната припаднот треба да бидат заштитени.

„Каков било напад по оние што се одлучиле да застанат во заштита на законитоста при
вработувањата, претставува сериозна закана по доброто управување, борбата против
корупцијата и клиентелизмот, и ќе делува обесхрабрувачки за идни слични
потенцијални иницијативи на работните колективи во јавниот сектор. Борбата против
корупцијата е должност на сите, па затоа иницијативите кои доаѓаат од јавниот сектор
треба да бидат заштитени и поттикнати“, се вели во отвореното писмо на Платформата на невладини организации.

Од Платформата бараат од Антикоруцска, од Државниот Ревизор и Јавното обвинителство да ги истражат сите индиции за корупција во работењето на М-НАВ на кои досега е
укажано со цел да се утврди кривична одговорност и овозможи заштита на оние кои пријавуваат.

Видете и ова: ОЈО контра Кривичен: Ги приложивме сите докази дека постои можност лицата кои упаднаа во М-НАВ да се дадат во бегство

Независниот сидникат на контролори на летање во М-НАВ се закани дека доколку директорите не поднесат оставки или не бидат разрешени на утрешната владина седница ќе стапат во генерален штрајк.

Најавите за штрајк следат по последните случувања во македонската навигација, кои ескалираа со упад во институцијата на 4 јануари, кога беа нападнати вработени на работните места. Упадот следеше по прес-конференција на претседателот на Синдикатот Александар Тасевски кој алармираше дека се под засилен притисок од менаџментот на М-НАВ поради негодувањата на синдикалците за последниот оглас за вработување.

Видете и ова: Синдикатот на М-НАВ обвинува за инцидент, МВР истражува

Претседателот на Управниот одбор на М-НАВ, Фахрудин Хамиди, пак, на прес-конференција немилиот настан го опиша како „мало кошкање“ и не најави дека ќе се повлече од функцијата.

Од Обвинителство побараа мерки притвор 8 лица поради упадот во зградата на М-НАВ (по четворица се уште се трага), тврдејќу дека е сторено кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај и поради тоа побараа притвор за приведените, но според Кривичен, не постојат доволно елементи за оваа квалификација, па осомничените добија само мерки за претпазиливост, што значи дека одземени им се пасошите.