Околу 550 демонстранти со нивните трактори учествуваат во протестите на земјоделците кај Бранденбуршката порта во Берлин во понеделникот наутро во знак на протест против планираните кратења на владините субвенции за земјоделската индустрија.
Полицијата изброи 566 трактори, камиони, автомобили, комбиња и приколки, како и 550 луѓе на главниот булевар помеѓу Бранденбуршката порта и Колоната на победата во центарот на соседниот парк Тиергартен до 10 часот.
Покрај земјоделците, на протестот учествуваа и многу возачи на автобуси и камиони, а меѓу демонстрантите имаше и многу трговци. Булеварот што ги поврзува двете знаменитости веќе беше затворен во неделата навечер. Нема информации за планирани блокади на патиштата.
Видете и ова: Економијата во 2024 - анемичен раст, инфлација и низок животен стандардПричина за протестите се укинатите субвенции за земјоделците на дизелот и на земјоделските возила.
Откако Уставниот суд и забрани на сојузната влада повторно да се задолжува и одредени трошоци мораше да ги вметне во буџетот за 2024 година, настана дупка од 17 милијарди евра.
Дури пред неколку ден е постигнат компромис во коалициската влада составена од три партии, Социјалдемократската, Зелените и Лиибералите, околу ревидираниот буџет со бришење на одредени субвенции, што ќе доведе до значајно зголемување на цените на бензинот и дизелот, електричната енергија, греењето, а ќе отпаднат и субвенциите за електрични автомобили и ќе се намали темпото на одредени инвестиции.