Американскиот државен секретар Антони Блинкен на 8 јануари имаше повеќе разговори со арапските лидери, како дел од дипломатскиот притисок да се запре натамошното ширење на војната во Газа.
Блинкен се сретна со владетелот на Абу Даби, шеикот Мохамед Бин Зајед Ал Нахјан, во Обединетите Арапски Емирати, а подоцна во Саудиска Арабија се сретна со престолонаследникот Мохамед бин Салман во градот Ал Ула. Оттаму замина за Израел.
Тој ден претходно беше во посета на Јордан и Катар и се обиде да ги увери арапските власти дека Соединетите Држави се противат на раселувањето на Палестинците надвор од Газа и наместо тоа сакаат муслиманските соседи на Израел да имаат своја улога во идното владеење на Појасот Газа.
Ова е четврто патување на Блинкен во регионот, откако вооружени лица на Хамас од Газа го нападнаа јужниот дел на Израел на 7 октомври, што го натера Израел да ја започне својата воена офанзива против палестинската милитантна група во крајбрежната енклава.