Сопругите на руските војници побараа демобилизација на протести во Москва

Движење „Патот до дома“. Сопругите на руските војници на протест бараат демобилизација

Сопругите и роднините на руските војници кои се борат во Украина одржаа серија мали демонстрации во Москва за да го изразат своето несогласување со политиката на Кремљ.

Фотографиите и видеата објавени на Телеграм на 6 јануари покажуваат серија „индивидуални собири“ на жени кои стојат сами и држат транспаренти во близина на Министерството за одбрана и другите владини згради.

Акцијата ја организираше групата „Патот до дома“, жени кои бараат нивните сопружници или синови да бидат ротирани од украинските боишта или целосно да се демобилизираат, пишува на редакцијата на Радио Слободна Европа на англиски јазик.

Полицијата не се вмеша во протестот и немаше уапсени, за разлика од други јавни протести во Москва кои беа брзо задушени.

Видете и ова: Путин се обидува да привлече странски борци со декрети за државјанство

Инвазијата на Украина, која сега е во својот 23-ти месец, претставува катастрофа за Русија, бидејќи одзема животи на десетици илјади војници, погодувајќи ја и економијата на оваа земја и уништувајќи ги односите со Западот.

Во септември 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација во обид да ги зајакне своите сили во Украина, што предизвика протести.

Нудејќи ретки детали за воените операции на Москва, Путин претходно рече дека вкупно 617.000 руски војници се борат во Украина. Според него, 244.000 од нив се мобилизирани, покрај професионалните војници.