Двајца палестински новинари убиени се во израелски воздушен напад во близина на Рафа во Јужна Газа.
Загинатите новинари се Хамза Ал-Дахдоух и Мустафа Тураја, додека ја вршеле својата работна задача, соопштија на 7 јануари здравствени претставници во Газа и синдикатот на новинарите, пренесува „Ројтерс“.
Ал-Дахдоух работеше хонорарно за Ал Џезира, а тој е син на главниот дописник на Ал Џезира од Газа, Ваел Ал-Дахдоух. Тураја пак, е фриленсер кој работеше за агенцијата Франс-Прес.
Видете и ова: Палестински претставници тврдат дека во воздушен напад се убиени шестмина ПалестинциВаел Ал-Дах-Доух стана познат во јавноста откако минатиот месец при јавување во живо дозна дека неговата сопруга, другиот син, ќерката и неговиот внук се убиени во израелски воздушен напад.
Во војната меѓу Израел и Хамас, која започна на 7 октомври, досега убиени се 77 новинари и медиумски работници.
Од нив, 70 се Палестинци, четворица се Израелци и тројца се Либанци, објави вчера Одборот за заштита на новинарите.