Хезболах истрела повеќе од 60 ракети врз израелската воена база

Напад на Хезболах на израелската воена база, ноември 2023 година.

Либанскиот Хезболах, кој ја поддржува милитантната организација Хамас и ја ужива поддршката од Иран, соопшти дека во саботата, 6 декември, истрелале повеќе од 60 ракети кон израелската воена база, пренесе агенцијата АФП.

Израелската војска пак излезе со соопштение дека идентификувала околу 40 ракетни лансирана од либанската територија на 6 јануари, додавајќи дека израелските сили набргу потоа го возвратиле нападот.

АФП пренесе дека сирените за воздушна опасност се огласиле во градовите на север во Израел, а подоцна и на окупираната Голанска висорамнина.

Хезолах и Израел редовно разменуваат оган од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври.

До ескалација дојде по убиството на еден од лидерите на Хамас, Салех ал-Арури, во Бејрут, на 2 јануари.

Видете и ова: Зголемен ризик од ширење на војната на Блискиот Исток по атентатот врз лидер на Хамас

Израел не ја презеде одговорноста за нападот во кој е убиен Ал-Арури, иако функционер на американската одбрана за АФП рече дека Израел стои зад овој напад.

Во екот пак токму на војната меѓу Израел и Хамас, американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во Истанбул, во рамките на својата четврта турнеја по Блискиот исток.

Според најавеното, Блинкен треба да се сретне со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, со кого ќе разговара токму за состојбата во Газа.

Турција долго врши притисок врз САД да престанат да ја поддржуваат израелската офанзива, во која досега се убиени над 22.000 цивили, како и да започнат кампања за прекин на огнот која би била проследени со напори за постигнување трајно решение за израелско-палестинското решение врз основа на заеднички договор на двете држави.